ЗА НАС

Дома

Профил

Цели

Тарифник

Експозитури

Контакт

Пазарот на капитал

Обврзници

Акции



Учебник



Појмовник

Тргување

Линкови






 

 

 

 

 







Во март 1996 година, започна со своето функционирање Македонската берза за хартии од вредност. Скромната динамика на тргувањето во почетните години од функциони- рањето на берзата, недоволното познавање на хартиите од вредност и недефинираната законска рамка, како и големата рецесија во која се најде македонската економија во самиот старт на транзициониот период, при- донесоа првите години од тргувањето со хартии од вредност на берзата да поминат стихијно.

Меѓутоа, со воведувањето на новиот систем на тргување на берзата, новите правила за котација на компаниите, се поголемиот проток на информации кои се однесуваа на нивното работење, како и запознавањето на јавноста со можностите кои ги нудат хартиите од вредност како опција за инвестирање, придонесоа за динамизирање на тргувањето и на настаните што се случуваат на и околу берзата.
Растот на прометот на берзата во текот на 2004 и 2005 година, се поголемото учество на домашните физички лица во тргувањето, како и влезот на странските инвеститори кои први имаа долгорочна визија за потенцијалите на македонските компании,  ја поттикна потребата да се даде еден нов поглед на настаните и случувањата на берзата, можностите за инвестирање и приодот кон анализата на основните показатели врз кои се базира инвестирањето.
Од самиот почеток на своето работење, Алта Виста Брокер АД Скопје имаше конструктивен приод кон сите субјекти кои беа заинтересирани за инвестирање на Македонската берза. Во отсуство на инвестициони фондови, дадена беше можност на сите физички лица кои беа заинтересирани за инвестирање, без оглед на иницијалниот влог, да го сторат тоа. При секој разговор со клиентите беа посочувани позитивните страни од инвестирањето во хартиите од вредност, но и евентуалните ризици кои со себе ги повлекува ваквата инвестиција. Отвореноста и искреноста кон нашите клиенти, заштитата на приватноста на клиентите, коректноста во односите со останатите брокерски куќи, кои нешта беа уште од почетокот имплементирани како главни начела во нашето работење, придонесоа во релативно краток временски период, брокерската куќа Алта Виста Брокер да го најде своето место на пазарот на капитал.
Целта на брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје е
:

  • понатамошно продлабочување на соработката и на довербата со своите клиенти, излегување во пресрет на барањата на клиентите и изнаоѓање на најсоодветни решенија
    за нивните проблеми;
  • следење на пазарот на хартии од вредност, прилагодување на промените и антиципирање на евентуалните идни потреби на клиентите;
  • нудење на нови производи и услуги, согласно развојот на Македонската берза




Збогум на штедачите, добредојде на инвеститорите!